Грабар-Китаровиќ останува во Хрватска за да се бори за заштита на жените и децата од насилство

од Aleksandar Petrovski
267 прегледи

Се уште актуелната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека нема намера да ја напушти земјата откако новоизбраниот претседател Зоран Милановиќ и официјално ќе ја преземе функцијата, јави дописникот на МИА.

Грабар-Китаровиќ планира времето во иднина да го посвети во заштита на жените, децата и ранливите категории граѓани од насилство.

За порталот 24часа.хр, таа изјави дека и по изборите се чуствува добро.

– Кога една врата ќе се затвори, друга ќе се отвори. Се гледам како се занимавам со заштита на слабите, ја промовирам заштитата од насилство врз жените и децата, но и врз животните, изјави Грабар-Китаровиќ за порталот.

Таа најави и дека од крајот на својот мандат ќе одработи уште неколку однапред закажани состаноци и службени патувања.

Слични содржини