Град Скопје апелира да не се палат коледарски огнови

од Vladimir Zorba
101 прегледи

  Градските власти апелираат до жителите во Скопје да се воздржат од палење коледарски огнови со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух.

Минатиот месец градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ги повика граѓаните да се воздржат од палење отворени коледарски огнови пред Бадник. Градоначалниците на сите скопски општини годинава донеса одлука и за забрана за доделување дрва од општините за таа намена со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во главниот град.

Граѓаните може да пријават запален оган на отворено на телефонската линија 193.