Град Скопје до СДСМ: Немаме ингеренции за креирање политики за решавање на енергетската криза

од Nikola Popovski
184 прегледи

Град Скопје ниту може, ниту пак има какви било ингеренции за креирање и имплементација на енергетски и економски политики кои би ја решиле оваа криза од која најголемите штети ги трпат токму граѓаните, реагираат од градот на денешното партиско соопштение на СДСМ.

Според град Скопје, „небулозни се тврдењата на СДСМ кои го оставија градот во долгови, после четири години недомаќинско раководење со градот од страна на нивниот градоначалник и го оставија градот презадолжен од долгови наследени токму од СДСМ, за сега да зборуваат за работењето на оваа градска администрација“.

-Надлежностите се јасни и токму Владата предводена од СДСМ е таа која треба да преземе одговорност на национално ниво и покаже вистинска грижа за граѓаните, преку носење на сет од мерки за намалување на економскиот и енергетски шок со кој се соочуваме сите. Во време на најави за енергетска и економска криза уште месеци наназад, додека земјите од регионот, но и цела Европа креираат политики за брзо надминување на енергетската криза без притоа да има удар врз џебот на граѓаните, СДСМ креираше политики како секојдневно да манипулира со јавноста, упорно посочувајќи го градот и оваа градска власт како виновник за нивните поразителни политики, посочуваат од град Скопје.

СДСМ утрово обвини дека градоначалничката Арсовска не предвидела ниту денар за Буџетот за 2022 за справување со енергетската криза и за затоплување на скопјани, а нејзиниот одговор дека не можела да го врати времето назад е грубо потценување на граѓаните на Скопје.

-Без срам и перде за три пати го намали буџетот за животна средина, неколкукратно го намали буџетот за субвенционирање за набавка на инвертори, а сега Арсовска бега од предизвиците што ги носи енергетската криза, наведоа од СДСМ.

Слични содржини