Град Скопје ја објави програмата: Новата година на плоштад ќе се дочека со Дарио, Слаткар и Мерак Меана

од Nikola Popovski

Во екот на предновогодишните настани и случувања, „Комора на музичка индустрија“, во соработка со „Град Скопје“ го подготвиле списокот на музичари кои ќе настапат на дочекот на новогодишната ноќ на плоштадот „Македонија“. Скопјани ќе ја дочекаат Новата година со Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.

Од понеделник, 25 декември започнува празничниот базар на Плоштад Македонија кој ќе трае до Божиќ. Како што се наведува во испратеното соопштение, настани и случувања ќе има пред, но и по 31 декември.

Дел од празничната програма се и многу детски претстави, меѓу кои и претставата „Исполнета желба” од Театар за деца и младинци, детската шоу програма Биби и Боби, настапот на 300 деца од Еурека и Брејк а лег, детски маскоти, сликање со дедо мраз и делење подароци.

Во текот на празничниот базар свои настапи ќе имаат Ана Петановска, Мите Стоилов, Мартинијан Кириловски, Мила Николовска и Џенгис Мемедоски, Елена Ристеска, Каан Мазхар, Даниела Темелковска, Поточиња, Бени Нон Стоп, Љубојна, Пајак, Благоја Грујовски и Елена Велевска, Куку Леле, Група Саут Парк, Ареа, Фолтин, диџеј Ерик Фокс, Скопје Лејдис Оркестра, Јанг Дади, Симона Попоска, Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска, Ринг Тонс бенд, Дани Димитровска, диџеј Ампов, Два Бона, Лозано, КУД Скопје, Нино Величковски, Полина Тасева, Група Мјузаик, Теа Трајковска, Дупер, Антониа Гиговска, ДНК, Марјан Коцев и Анета Љумаковска, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Sarah Mace & The Christmas Girls, Аманет, Фиц D’invisibles, Некст Тајм.

Градската администрација периодов наиде на голем број критики во јавноста поради задоцнетото украсување на градот, како и поради поставените две елки на плоштадот.

Слични содржини