Град Скопје: „Лајка“ е првото јавно претпријатие во Европа за животни раководено од активисти

од Берта Китинска
388 прегледи

Град Скопје реагира на паушалните обвинувања и наводите за нетранспарентност за работењето на ЈП Лајка, бидејќи сите законски предвидени инструменти за транспарентност на работата на ова јавно претпријатие се исполнети.

-Советничката Велковска ја користи својата функција за политички поени и ги оцрнува напорите на градот за обезбедување хуман третман на бездомните животни, како и одговорното сопствеништво кај граѓаните.

Град Скопје замолува личните аномозитети помеѓу активистите да бидат тргнати настрана за доброто на ЈП Лајка, но и заради доброто на бездомните животни во Скопје.

Град Скопје е првиот град во регионот и пошироко со сопствено јавно претпријатие за улични животни, раководено од активисти за нивна заштита. ЈП Лајка е многу повеќе од стационар, тоа е и место каде се пружаат различни услуги како вакцинација, чипирање, стерилизација, престојувалиште, социјализација, игралиште, посвојувалиште итн. Новиот објект на ЈП Лајка е уреден и опремен по сите светски стандарди, кој располага со 200 засебни апартмани обезбедени со подно греење, суви и чисти подови, енергетски ефикасни ѕидови, нова опремена ветеринарна амбуланта и канцелариски простор.

ЈП Лајка располага со две операциони сали, оддел за интензивна нега, тријажен дел и постоперативен простор со 20 легла, салон за нега на кучињата, СОС линија, како и специјално изградениот Парк за интеракција, преку кој кучињата кои биле жртви на траума низ игра и забава добиваат прилика да стекнат навики за ресоцијализација. Дополнително, во рамки на стационарот функционира и едукативен центар во кој најмладите ќе можат да добијат едукација, како и прилика за вдомување на некое од кучињата, соопштија од Град Скопје.

Слични содржини