276
Град Скопје ги потсетува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот (Сл.весник на РМ број 61/2004….23/2016 ), во тек е постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година.
-Сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, требa да ги подмират своите обврски.
Воедно, Ве информираме дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картица, увид во изготвените решенија по кои е задолжен и истите може да ги печати следејќи ја следната патека, соопштија од Град Скопје.