Град Скопје: Со решението беше одобрено сечење на 10 дрвја на „Орце Николов“

од Nikola Popovski
302 прегледи

„Ги демантираме дезинформациите од самата прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, кога се посочува „решението со кое се одобрува сечење на 10 дрва како и кроење на цел дрворед долж улицата „Орце Николов“. “ Ги известуваме сите медиуми и граѓани дека за сите исечени дрвја во Град Скопје постои уредна документација“, се вели во информацијата од град Скопје, откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ објави имале решение да исечат само три дрвја.

Според нив, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старата тактика да лаже, манипулира, дезинформира и да ги блокира сите проекти кои го подобруваат квалитетот на живот во Скопје и затоа ќе биде повторно казнета на следните локални избори.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје, реагираше дека и Ристо Пенов и Трифун Костовски ќе ги паметиме по нешто, Коце Трајановски по многу, а само Шилегов по ништо.

„Всушност на Петре Шилегов сите ќе се сеќаваат како на градоначалникот кој не работеше ништо. Град Скопје има 8.5 пати поголем долг сега, отколку пред 4 години. Петре Шилегов го задолжи Скопје 8.5 пати повеќе, отколку што беше во времето на Коце Трајановски. Каде отидоа парите за кои Шилегов го задолжи градот?“, прашуваат од советничката група.