Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се симбол за неработење, порачуваат од СДСМ

од Nikola Popovski
200 прегледи

Хаосот што му се случува на Град Скопје е само пример како ВМРО-ДПМНЕ владее со секоја општина, обвинуваат од СДСМ.

Од партијата велат дека „наместо решенија, наместо реализација на проекти, во општините раководени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се случува партизација, зголемување на цените на услугите, злоупотреба на службената положба и расипничко трошење на парите на граѓаните“.

-Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се симбол за неработење, за расипничко трошење на народните пари. Поради нивната неспособност, општините се во стагнација а граѓаните во време на криза се изложени на зголемени трошоци, стои во последното партиско соопштение од СДСМ.