Градоначалникот на Анкара поднесе оставка на барање на Ердоган

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Градоначалникот на Анкара Мелих Гокчек кој з е на таа позиција  од 1994 година, поднесе оставка поради притисок од страна на претседателот Реџеп Ердоган, кој се обидува да ја зајакне својата власт и да ги  обнови редовите на својата партија за изборите во 2019г.


68-годишниот Gökçek има најдолг мандат како градоначалник во Турција. Тој е еден од трите градоначалници на големите турски градови кои се спротивставија на апелите на Ердоган да поднесат оставка.
Gökçek објави на Твитер дека ќе поднесе оставка во саботата, откако ќе се сретне со Реџеп Тајип Ердоган во претседателската палата.
Минатата недела Ердоган јасно стави до знаење дека градоначалникот на Анкара мора да го почитува неговото инсистирање и да поднесе оставка. Тој, исто така, истакна дека ова треба да се  случи многу наскоро и предупреди дека ќе преземе акција против градоначалниците кои одбиле да го почитуваат.
Градоначалникот на Бурса Реџеп Алтепе поднесе оставка во понеделник, а градоначалникот на Баликешир Едип Угур даде  изјава дека е можно да ја напушти функцијата. / АФП