Градоначалникот на Битола избркал 20 вработени пред Нова година, велат од СДСМ

од Nikola Popovski
457 прегледи

Градоначалникот Тони Коњановски остави на улица 20-тина вработени во Општина Битола, ангажирани преку Агенција за привремени вработувања. Вработените вчера биле известени телефонски дека денес им е последниот работен ден во Општина Битола. Од утре, луѓето се оставени на улица, информираа денеска од СДСМ.

Од владеачката партија прашуваат „зошто градоначалникот Тони Коњановски во пресрет на новогодишните и божиќните празници прави “чистка” во Општина Битола?

-Дали повод за посетата на партискиот шеф на Коњановски на Општина Битола беше кроењето на листа со партиски војници на ДПМНЕ кои ќе дојдат на местото на луѓето што со месеци беа ангажирани, а сега се оставени на улица? Му кажа градоначалниче Коњановски на твојот партиски шеф кој вчера беше многу загрижен за вработените во РЕК дека ќе бркаш луѓе од работа? Дали вака, со бркање од работа пред Нова година и Божиќ, градоначалчникот Тони Коњановски ја замислува новата иднина на Битола?, прашуваат од СДСМ.

Слични содржини