Претседателот на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, Атанас Мазнев денеска информира дека добиле дозвола од градоначалникот на Благоевград за свечено отворање на клубот на 30-ти октомври. Toj преку соопштение ги покани премиерите на Бугарија и Македонија, амбасадори, медиуми од двете земји, градоначалникот на Благоевград и како што вели, сите добронамерници.
Во поканата стои дека клубот има за цел да ја развива македонската традиционална и модерна култура, да гради културен мост меѓу Бугарија и Македонија, и да ги зајакне врските меѓу Македонците во Бугарија и Македонците ширум светот.
-Скромната прослава ќе се одржи со следната програма: отворање со поздрав кон присутните, осветување според христијанските обичаим поздрави од официјалните гости на прославатам положување цвеќе на спомениците на Димитар Благоев и Гоце Делчев, како и на спомен обележјето на Гоце Делчев во дворот на црквата, стои во соопштението на Мазнев.
Македонските здруженија во Бугарија веќе имаат добиено над 10 пресуди од Судот за човекови права во Стразбур, но властите во Софија не ги почитуваат.
За декларацијата, која всушност беше противење на тоа да се отвори македонскиот културен клуб Благоевград, гласаа 29 советници, а воздржани беа само четворица.