Градоначалникот на Дојран во наредните пет месеци ќе донира половина од платата за помош на настраданите во Турција и Сирија

од Nikola Popovski
164 прегледи

Градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов одлучил во наредните пет месеци, во знак на солидарност да донира половина од својата месечна плата за помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Притоа на 25. седница на Советот на Општина Дојран, едногласно е донесена одлука еднократно да се исплатат средства во висина од 300.000 денари од општинскиот Буџет на донаторските сметки отворени за помош на настраданите во Турција и Сирија.

-Прифатена е и иницијативата советниците при Советот на Општина Дојран во следните пет месеци да донираат дел од својот паушал на донаторските сметки отворени за настраданите од разорниот земјотрес во Турција и Сирија.

-Иницирано е да бидат отворени и пунктови за донации каде граѓаните ќе може да дадат свој придонес за настраданите во катастрофалниот земјотрес. За локациите дополнително ќе бидете известени. Сите предложени инцијативи едногласно се прифатени, информирал Ангов.

Повеќе од 29.000 луѓе загинаа, а десетици илјади се повредени во катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ги погоди двете земји, објавија официјални извори од таму, а пренесе Си-Ен-Ен.

Слични содржини