Градоначалникот на Истанбул осуден на повеќе од две години затвор

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот суд денеска го осуди градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, популарен ривал на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на повеќе од две години затвор и му забрани да извршува политичка функција поради наводна навреда на членовите на државната изборна комисија.

Имамоглу има право на жалба на пресудата, пишува „Ројтерс“.

На Имамоглу, кој е член на главната опозициска Републиканска народна партија, му беше судено поради говор во 2019 година по поништувањето на резултатите од локалните избори во Истанбул, во кои тој рече дека поништувањето на законските избори е „глупост“.

Во обвинението се предвидува максимална затворска казна од четири години, а во обвинението се наведува дека Имамоглу со таа изјава ги навредил членовите на државната изборна комисија.

Победата на Имамоглу во март 2019 година на изборите за градоначалник на Истанбул беше поништена откако Партијата на правдата и развојот на турскиот претседател Ердоган пријави нерегуларности за време на изборите, а Имамоглу победи на повторените избори во јуни.

Слични содржини