Градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, со поддршка за Шилегов

од Берта Китинска
140 прегледи

Градоначалникот на Љубљана, главниот град на Словенија, Зоран Јанковиќ, со видеопорака во пресрет на локалните избори во недела, го поддржа актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат од СДСМ, Петре Шилегов.

„Драг колега Петре, ти посакувам сè најдобро на овие избори. Градоначалничката работа не е лесна, но ако ја работиш посветено и со љубов, како што ти знаеш, тогаш успехот е неизбежен“, вели во пораката Јанковиќ.

Видео од поддршката – https://www.facebook.com/p.shilegov/videos/428841855276815/

Јанковиќ, на кого ова му е трет мандат на градоначалничката позиција во Љубљана, важи за еден од градоначалниците со најмногу спроведени зелени политики во Европа и човек кој во текот на годините успеа да ја трансформира Љубљана во еден од најзелените градови во Европа.

Љубљана во 2016-та година, додека Јанковиќ е градоначалник, беше избрана за носител на титулата Зелена престолнина на Европа, од страна на Европската комисија. Јанковиќ е одговорен што Љубљана воведе целосна трансформација од град во кој доминира автомобилскиот сообраќај, во град со многу зеленило, пешачки и велосипедски патеки.

Во време на Јанковиќ градот прави значителен напредок во управувањето со отпад и целосно се посветува на политиката за нула отпад. Три четвртини од целата територија на Љубљана се зелени области, каде во изминатата деценија се изведени 5 нови паркови и засадени се над 2000 дрва.

„Среќно и се надевам дека ќе бидеш и во иднина мој колега – градоначалник на Скопје“, завршува Јанковиќ.

Слични содржини