Градоначалникот на Охрид: Благодарност до Владата, само заедно ќе го зачуваме уникатното богатство

од Nikola Popovski
362 прегледи

„Благодарност за поддршката која ја добиваме од Влада на Република Северна Македонија во процесот на отстранување на бесправно изградените објекти на Охридското крајбрежје“, објави вечерва градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески.

Тој посочува дека преку заедничка координација и соработка, како локална и централна власт остануваат посветени на исполнување на препораките на УНЕСКО и имплементација на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

„Само заедно може да оствариме долгорочни цели во насока на заштита и зачувување на уникатното богатство за идните генерации“, стои во објавата на Георгиески.

Општина Охрид денеска продолжи со активностите за отстранување на бесправните објекти на плажите на потегот од хотелот „Метропол“ до селото Пештани

Владата соопшти дека ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје кои ги изведува Општина Охрид, со што, велат од Илинденска, ги потврдува своите заложби за посветено исполнување на препораките на УНЕСКО и за имплементацијата на „Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион“.

Слични содржини