Градоначалникот на Штип во лов на дрвокрадци: Мораме да ставиме крај

од Nikola Popovski
325 прегледи

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов денес, како во филмска акција, сам се пуштил во лов на дрвокрадци во околината на градот. Тој забележал натоварена запрежна кола на која група Роми превезувале дрва на локален пат и почнал да ги следи.

-Со коњ пред мене носат дрва. Ајде ќе ти ги снимам, вели градоначалникот во разговор на телефон по што пријавил во МВР.

Полициските службеници излегле на терен и ги одзеле дрвата и моторната пила. На терен излегла и шумската полиција.

-На овој дел од градот се случува чести кражби, сеча на дрвја. Можете да забележите во какви услови живеат овде луѓето. Неконтинуирано кражба на вода и струја, купови смет. Овде мора да се стави крај. Сите институции на терен. Ветивме во изборната програма дека ќе ставиме крај на ова, вели Јорданов во изјава за локална телевизија.

Слични содржини