
Градоначалникот на Вевчани Сашо Јанковски, кој доаѓа од редовите на СДСМ, денеска за в.д. директор на Јавното комунално претпријатиие „Еремија” ја постави активистката на ВМРО-ДПМНЕ Јасмина Бебековска, објави СДК.
Досега не се памети победничка партија на локалните избори да постави за директор на ЈП припадник на друга политичка партија. Вевчанскиот градоначалник има едноставно објаснување за оваа негова одлука.