Градоначалниците од истокот со проглас против двојазичноста

од desk2
113 прегледи

Дел од градочалниците од југоисточниот регион, покрај редовните точки на дневен ред на 30 тата седница на Советот на Источниот плански регион, која се одржува во Берово, го покренале и „прашањето за најавеното воведување на двојазичност во јавната администрација на територијата на цела Република Македонија“, се вели во објавата на веб-сајтот на Општина Берово.

Во веста се вели дека дел од градоначалниците „Енергично и здружено се спротиставуваат на таквите заложби на партиите кои тоа го заговараат,  раководството на Социјалдемократскиот сојуз и албанските партии. Тоа би бил единствен пример во светот и би било преседант во една суверена унитарна држава, некој да помисли да воведе такво нешто“.

„Единствени сме и ќе се заложиме на сите нивоа, ваквите предлози да не поминат на законодавно ниво“, порачуваат градоначалниците.