Актуелно
Почетна / Локално / Градски парк ќе добие три нови летни сцени

Градски парк ќе добие три нови летни сцени

Град Скопје вечерва организира pop up изложба на отворено со почеток  во 19 часот, на која ќе бидат изложени пристигнатите архитектонски трудови на конкурсот за идејни решенија на три летни отворени сцени во Градскиот парк.

Градските власти информираат дека на конкурсот пристигнале 13 трудови за понудените три локации: во близина на Езерце, во првиот дел на паркот, во близина на Сточарски институт и спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“.

Градот ќе додели три први награди од 70.000 денари, за најдобрите на секоја локација.

loading...