Граѓани се збогуваат со Балашевиќ пред неговата куќа

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Обожавателите на Ѓорѓе Балашевиќ оставаат цвеќиња и палат свеќи во чест на починатиот кантавтор пред неговата куќа на улицата Јован Цвијиќ 33 во Нови Сад, пренесе Фена.

Присутен е значителен број новинари, а телевизиските екипи пристигнуваат и надвор од Нови Сад, пренесува порталот 021.

Полицијата побара од собраните да ги почитуваат епидемиските мерки, да се држат на дистанца и да носат заштитни маски.

На социјалните мрежи беше објавено дека обожавателите на ликот и делото на панонскиот морнар ќе се соберат во 20 часот на плоштадот Слобода во Нови Сад, за да му оддадат почит на починатиот кантавтор, пренесува Танјуг.

Слични содржини