Граѓаните да бидат спокојни, Владата обезбеди парно за скопјани, велат од СДСМ

од Берта Китинска

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски, на вчерашната седница одобри средства за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје. Донесена е Одлука за одобрување 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси, пред почетокот на грејната сезона, на АД „Електрани на Северна Македонија“, согласно Одлуката за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија“, велат од СДСМ.

„Граѓаните на Скопје да бидат спокојни, испораката на топлинска енергија во претстојната сезона нема да биде доведена во прашање.Преку преземените мерки Владата предводена од СДСМ и Ковачевски обезбедува непречено снабдување со топлинска енергија на градот Скопје и сигурност и стабилност при испораката на топлинска енергија до потрошувачите“, се дополнува во соопштението на владејачката партија.

Слични содржини