Граѓаните добија препораки државните институции задолженија, од утре во сила мерките за штедење струја

од Берта Китинска
324 прегледи

Во сила од утре стапуваат мерките за штедење електрична енергија со кои потрошувачката треба да се намали 15 отсто.

Надлежните напоменуваат дека пред нас е тешка зима на енергетски план и дека сите заеднички треба да придонесеме за нејзино полесно пребродување.

„Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претрпијатија во државна сопственост. Целта е намалување на потрошувачката за 15 отсто споредено со истиот месец лани. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат согласно етичкиот кодекс и сите уредби, одредени санкции за сите раководители на институциите“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши.

За реализација на мерките секоја државна инстиуција ќе треба да обезбеди лице кое ќе се грижи за почитување на новите правила, а таму каде што нема да се почитуваат ќе има санкции. Дел од мерките ги опфаќаат и јавните претрпијатија , па според владините препораки ќе се намлува и осветлувањето на патиштата, улиците и плоштадите.

За државните институции мерките се задолжителни, додека за компаниите, бизнис секторот и домаќинствата , како и за општините и претпријатијата под надлежност на локалната власт, ќе бидат само препораки на Владата.

Мерките стапуваат на сила од 1 септември , а ќе траат до 31 март 2022 година.

Слични содржини