Граѓаните ги чекаат списоците: Финансиска помош за три категории граѓани

од Берта Китинска

Измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година треба да бидат усвоени во Собранието за да можат 283.000 граѓани да добијат домашни платежни картички.

Прекројувањето на буџетот на 27ми месецов ќе се најде на седница. Токму од него зависи и реализацијата на голем дел од мерките.

Ликвидноста на буџетот е во состојба да ги исплати сите обврски кои ги има владата кон сите буџетски корисници, на сите фондови на коишто се прават трансвери.“ изјави Димитар Ковачевски, заменик министер за финансии Димитар Ковачевски

Четвртиот пакет предвидува грантови, безкаматни кредити, низа даночни олеснувања за фирмите. Новите платежни картички, што се дел од четвртиот сет економски мерки, треба да бидат со по 6.000 денари и да бидат наменети за пензионери, самохрани мајки и пасивни баратели на работа, велат од СДСМ.

„Домашни платежни картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, како поддршка во справувањето со последиците од економската криза. Платежни картички ќе добијат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, пасивните баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, како и 540 студенти, но и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи “– велат од СДСМ.

Слични содржини