
Граѓаните кои се собраа вечерва пред српскиот парламент, незадоволни од повторното воведување полициски час, ги пробија вратите на парламентот и влегоа во зградата.
Стотици граѓани се собраа вечерва на пресекот на Таковска, Кнез Милош и Булеварот на Кралот Александар заради најавата дека во петок ќе биде воведен полициски час со цел да се потисне ширењето на коронавирусот. Граѓаните го запреа сообраќајот во близина на платото пред Националното собрание на Србија.
Граѓаните извикуваат „Вучиќ лопову“, „Оставки“, се удира сотави. Полициските вооружени сили се појавија пред собранието. Присутните илјадници граѓани ги покануваат студентите и сите оние кои, како што велат, се грижат за иднината на својата земја да се соберат пред собранието.
Насобраните ги покануваат граѓаните да им се придружат и да го пробијат полицискиот час вечерва.