Државата ни е во просперитет, во прогрес, растат приходите во државниот буџет. Мој ДДВ дава одлични резултати. Најголемиот полначки данок во буџетот на државата е ДДВ.
Граѓаните вршат одлична работа за државата, враќајќи за себе пари го полнат директно државниот буџет.

Јас ќе ги кажам еве бројките, ние секако ќе почекаме до први. Но само да кажам дека се што треба да вратиме за една година за граѓаните, за еден месец во буџетот е веќе дојдено. Е толку е успешен самиот проект.
Бројките ќе ги соопштиме на крајот на месецот и најрелевантни се на крајот на годината, една година кога ќе истераме, но толку е тоа за мене охрабрувачки позитивно, што значи конкретни резултати од борбата против сивата економија. Го ставаме целиот дел на сивата или нелегална економија во легален дел, помагаме многу на економијата а и растат приходите на државата.
Сите тие приходи се за враќање назад. Дел ќе одат во здравството, дел ќе одат во правосудството, дел ќе одат во нови болници, дел во градинки, во училишта, водоводи, канализации, инфраструктура, патишта, железници, гасификација на градовите и ширум државата.