Граѓани од цела Србија пристигнуваат во Белград за да му пружат поддршка на Вучиќ

од Stefanija Kuzmanovska
343 прегледи

Бројни граѓани од речиси сите делови на Србија денеска дојдоа во Белград да го поддржат претседателот на Србија и СНС Александар Вучиќ и митингот „Србија на надежта“ закажан за 19 часот пред републичкото собрание во главниот град.

Така, во раните утрински часови во главниот град почнаа да пристигнуваат граѓани од Нови Сад, Ниш, Параќин, Пријепоље, Панчево, Врање, Крагуевац, Опово, Алексинац, Нови Бечеј…

„Одиме да му дадеме поддршка на нашиот претседател Александар Вучиќ“, рече жена која патувала кон Белград, пренесе „Курир.рс“.

И претходната вечер во Белград пристигнаа поголеми групи граѓани, како што се околу 600 рудари и работници на Комбинатот „Трепча“, кои во четвртокот вечерта тргнаа кон главниот град на Србија за да присуствуваат на големиот собир „Србија на надежта“. Тие вееја и свои знамиња, а од автобусите скандирале „Србија, Србија“!

Истата вечер во Белград пристигнаа повеќе од 100 автобуси и 200 автомобили од Косово, но и од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Унгарија.

Слични содржини