Граѓани со пофални зборови за Филипче: „Зборуваше со мене како да се познаваме…“

од Nikola Popovski
179 прегледи

Дел од граѓаните кои имале медицинска потреба, имаат пофални зборови за екс-министерот за здравство и неврохирург, Венко Филипче. Во групата на Фејсбук „И јас сум Венко Филипче“ беше споделена интересна приказна од жена која итно морала да разговара со него, иако претходно не го познавала. Таа споделува искуство дека и покрај тоа што го барала од непознат број, Филипче веднаш и се јавил и по второ ѕвонење.

-Зборуваше со мене како да се познаваме, многу едноставен човечки разговор, како меѓу двајца пријатели. Ми закажа средба, стои меѓу другото во објавата на жената.

Според сведоштвото, Филипче се јавил на жената сред партиски митинг.

Поранешниот министер за здравство е носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во Изборна единица 4.

Слични содржини