Граѓаните можат да бидат спокојни во однос на снадбувањето со електричната енергија и за цената на струјата. Од 1 декември се враќа и дневната евина тарифна на електричната енергија за домаќинствата, порачаа утрово од СДСМ.
Според партијата, сите политики, мерки и чекори, што се преземаат, овозможуваат услови за сериозни иневстиции во зелената енергија, кои се од огормно значење за нашата држава и за граѓаните.
Потенцираат дека со постоечките услови, цената на електричната енергија нема да се зголемува.
-Инвестициите во производство на електрична енергија од обновливи извори, се доказ дека државата ја реализира енергетската транзиција, да ја оствари својата цел, а тоа е да биде предводник во зелената енергија во регионот и во Европа, нагласија од партијата на власт.