Граѓаните ќе ги казнат ДПМНЕ и Левица за блокдата на европскиот пат, сметаат од СДСМ

од Vladimir Zorba

„Денеска сите ние можевме да славиме, Македонија да се радува на отворање на поглавјата и продолжување на европскиот пат. Виновникот зошто тоа не се случи има име и презиме – Христијан Мицкоски и ДПМНЕ!“, изјави денеска на прес Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Блокадите на антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица се единствената причина и покрај тоа што имаме успешно завршен скрининг процес, и покрај тоа што имаме силна и недвосмислена поддршка и отворени врати на ЕУ. Заклучоците на европскиот совет се кристално јасни – имаме успешен скрининг и без одлагање ќе биде свикана втората меѓувладината конференција за отворање на поглавјата по изгласување на Уставните измени“, додава таа.

Слични содржини