Барселона пропушти голема шанса да избие на првото место на табелата во Ла Лига, бидејќи загуби на домашен терен од Гранада со 2:1.
Каталонците имаа сè во свои раце. Тие беа во фантастична серија, победија на девет од последните 10 натпревари во Ла Лига, а тој пораз го забележаа само против Реал. И повторно, имаа шанса да ја предводат трката на пет кола пред крајот.
Еден час, сè беше на нивна страна. Веќе во 23-тата минута, Лионел Меси го претвори одличното додавање на Гризман во гол за водство. Тоа беше на сила се до 63-та минута кога Мачис израмни.
Од тој момент, колата тргна надолу. Роналд Куман доби црвен картон, а Барса тргна да го враќа водството. Каталонците не мислеа дека дури и во случај на нерешен резултат, и понатаму сами ќе одлучуваа за својата судбина, бидејќи ќе заостануваа бод зад лидерот Атлетико, кого го дочекуваат до крајот, и бод пред Реал, кој има подобар резултат во меѓусебните дуели.
Оние 1:1 се чинеше како катастрофа за домаќините, но потоа во 79-тата минута Молина најави вистинска катастрофа. Гранада направи пресврт, конечно ги собра сите три бода и Барселона повторно е зависна од другите.
Сега каталонците имаат ист број на поени како Реал, 71, но послаб скор во меѓусебните дуели и два бода помалку од Атлетико. Дури и да ги победи сите до крајот, а со тоа и Атлетико, на Барса и треба некој да земе барем еден бод на Реал во следните пет кола.