Граната од Првата светска војна отстранета од „Јадранска магистрала“ во Скопје

од Берта Китинска

Во СВР Скопје вчера околу 12.40 часот било пријавено дека при вршење ископ во фирма на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје била пронајдена неексплодирана граната.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и од Дирекцијата за заштита и спасување, информираа денеска од МВР.

Било констатирано дека станува збор за минофрлачка граната м-1913, која потекнува од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка.

Слични содржини