Гранични апсења на бегалци од затвор

од desk4
76 прегледи

 

МВР Билтен

  Утринава во 5 часот на ул. „Алексо Демниевски“ во Велес  В.Н.(19) од Велес додека управувал мопед „Априлија“ со велешки регистарски таблици. На коловозот паднал 17-годишен сопатник од мопедот. По незгодата, со возило на итна медицинска помош тој бил пренесен во Општата болница во Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчера околу 21:30 часот во село Прждево, Демир Капија, избувнал пожар во млин за пипер. Пожарот бил локализиран од екипа од Територијална противпожарна единица-Неготино. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.

Вчера во 6:40 часот на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето З.Ј. (23) од село Слупчане, општина Липково, се наоѓа на „стоп листа“ за издржување казна затвор. Тој бил приведен и предаден на полициски служеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Вчера во 11:45 часот на Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето С.Џ.(39) од село Арачиново, скопско, се наоѓа на листата со мерка „Апси“. Лицето било приведено и предадено на полициски службеници за понатамошна постапкпа.