Граничните премини се затворени

од Берта Китинска
219 прегледи

Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата потсетува дека за македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата.


– Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Слични содржини