Гравот е неизбежна хранлива состојка во македонската кујна, а речиси задолжителен во петок. Еве рецепт за маклу поинаков грав од оној на кој сме навикнале.

Потребно:
малку мала лажица Црн пипер
малку Сол
малку Оригано
1 лажица Масло
малку Магдонос
2 главица Кромид
300 грама Домат
300 грама Грав
1 лажичка Шекер
Подготовка:
Киснете го гравот два часа. Потоа исцедете го и налијте со вода па сварете.
Исцедете го.
На масло прпржете го крупно исецканиот кромид, додадете ги сецканите домати, шеќерот, ориганото, солта и црн пипер.
Сè варете околу 20 минути на ниска температура. Додадете го гравот, оставете уште малку да се вари, па богато посипете со сецкан магдонос.