„Досега во игра се само 2 цврсти пишувани документи, зад кои што застанаа двете земји. Зад едниот застанаа двете држави, а тоа е Договорот за добрососедство, а другиот бугарски меморандум до ЕУ, во кој што бугарската влада го поднесе за објаснување на блокадата“, вели универзитетскиот професор, Мирослав Грчев во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
Според него, нема преклопување, ниту совпаѓање во намерите, ниту во темите на двата договори.
„Меморандумот е акт на непријатности полн со ресентимани, полн со зли сеќавања, искрен исказ на разочараност, злоба, за кој се обвинување македонската држава и институциите. Од нас во меморандумот се бара низ еден збор од Договорот за добрососедство за заедничката историја да се протне комплетното признавање на малоумни ставови“, додава професорот.