Грчев: Потребно е рушење на Порта Македонија и Мајка Тереза, а дислокација на другите споменици

од Aleksandar Petrovski

Професорот Мирослав Грчев во „Само Интервју“ зборуваше за уривање и дислоцирање на спомениците од проектот „Скопје 2014′.

Тој истакна дека е потребно рушење на Порта Македонија и Мајка Тереза, а дислокација на другите споменици.

-Не е направена студија колку чичи демонтирање на тие градби и споменици, нема ни пресметка, ниту е консултиран градежен инженер. Еден аспект е дека вакви прекршувања зрачат со незаконитост, од друга страна улиците се уништени. Уличниот коридор е најтрајната инфраструктура. Јавните патишта овозможуваат слобода на движење. Ако Порта чинела 7 милиони ќе се сруши за помалку од 70.000 евра.Мајка Тереза за два пати помалце. Во самите елаборати има екстензивни елаборации и за мерките. Овде има куси упатства на форма на јавна анкета. Другите споменици или скулптури може да се дислоцираат, рече Грчев.

Слични содржини