Грчев: Владата се справува исклучително добро со пандемијата, Филипче и здравствените работници имаат најдобар перформанс

од Nikola Popovski
290 прегледи

„Македонската влада од почетокот на пандемијата досега се однесува исклучително добро, рационално и многу брзо носи одлуки. Тоа се должи претежно на самиот факт што многу брзо бевме меѓу земјите кои што ја сфатија природата на оваа несреќа. Сметам дека перформансот е подобар од што очекувавме“, вели архитектот Мирослав Грчев за емисијата „Само вистина“.

Според него, за да ја оцениме ефикасноста и соодветното однесување на владата треба да сфатиме дека управува со огромен систем, кој што е толку употреблив, колку што го затекнале.

„Филипче, здравствените власти и здравствените работници имаат најдобар перформанс“, изјави тој.

 

Слични содржини