Новоизбраната грчка влада ќе го  искористи  парламентарното мнозинство за да го блокира трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции (ТПТИ), пренесеЕвроактив Грција , повикувајќи се на изјава на заменик-министерот за административна реформа и поранешен европратеник на СИРИЗА Јоргос Катрукалос.

ципрас влада

Според Катрукалос Владата ќе го искористи своето право на вето за да пропадне трговскиот договор барем во оваа форма. Потсетуваме дека преговорите за договорот за трансатлантското партнерство се уште не се финализирани, и треба преговорите да почнат оваа недела.

“Можам да ве уверам дека парламент, во кој СИРИЗА има мнозинство, никогаш нема да го ратификува договорот. И тоа ќе биде огромен подарок не само за грчкиот народ, туку  за сите европејци”, одговара министерот на прашањето дали ќе го исполни ветувањето да го блокира трансатланското партнерство. Радикалната левичарска СИРИЗА нема мнозинство во грчкиот парламент, но нејзиниот коалициски партнер има слични ставови во врска ТПТИ. Откако преговорите меѓу Европската унија (ЕУ) и САД завршат и изготват предлог , тој треба да се прифати едногласно на состанокот на Европскиот совет од 28-те национални влади, за да стапи на сила. Тоа значи дека една единствена држава која  би можела да го искористи своето право на вето за да влијае или да блокира воопшто трговскиот договор е Грција. СИРИЗА нема да се двоуми за  да ја искористи оваа можност. Според грчкиот премиер Алексис Ципрас, целта на ТПТИ не е да го намали царините, туку  да “помогне во елиминирањето на некои бирократски процедури, помагајќи  ја ефикасноста на економијата”. Ципрас сепак посочи дека опасноста се крие во различните регулативи во ЕУ и САД. Договорите  ќе донесат  до приходи главно за мултинационалните компании, банките и инвестициските посредници, кои се помалку се контролирани во Америка отколку во Европа, вели премиерот.

Слични содржини