Грчки „Архиродон“ нема да го гради Чебрен

од Nikola Popovski
256 прегледи

Пропадна уште еден тендер за „Чебрен“. На 31-ви декември истече рокот кој грчката фирма „Архиродон“ го имаше за да стави потпис на договорот, за изградба на хидроцентралата на Црна река.

По налог на министерката за животна средина, Каја Шукова формиран е тим на правници кои ги анализираат следните чекори, меѓу кои и дали ќе се активира банкарската гаранција.

Грчката компанија се жалеше дека условите на тендерот не се исти како оние во владината одлука за изградба на хидроелектраната „Чебрен“. Од Владата истакнаа дека нема да има никакви промени во критериумите.

Понудувачот ППЦ-Архиродон беше избран поради најповолната понуда, со оглед на тоа што понудувачот ги исполнил условите содржани во јавниот повик и тендерската документација и доставил најповолна понуда.

Чебрен е од исклучително значење за енергетската транзиција на Северна Македонија и регионот, поради можноста за балансирање на обновливите извори на енергија. Воедно ќе има огромно значење и за заштита од поплави, водоснабдување, земјоделие и слично со висина на браната од 192 метри, со што ќе биде една од највисоките во светот, порачаа од Владата при избирањето на понудувачот.

Инаку, изградбата на хидроелектраната „Чебрен“ се ветува неколку децении наназад, а досега имало 13 неуспешни тендери за избор на инвеститор во период од последните 20 години. Постојниот јавен повик е четиринаесетти обид за доделување концесија на Црна Река.

Слични содржини