Грчки медиуми: Се отвораат аеродромите за земјите на ЕУ и уште пет други земји

од Stefanija Kuzmanovska

Грчките медиуми неофицијално пишуваат дека аеродромите за летови од земјите на Европската унија и уште пет други земји ќе бидат отворени на 16 април, пренесе „Нова.рс“.

Грција планира постепено да ги олесни ограничувачките мерки за пристигнувања од странство на 16 април и да отвори девет аеродроми за летови од земјите на Европската унија и уште пет други земји кои не се членки на ЕУ, објави во вторникот Keeptalkinggreece .com повикувајќи се на пишувањето на некои грчки медиуми. Оваа информација досега не е потврдена од владините претставници.

Целта на Грција останува иста, а тоа е целосно да се отвори туризмот од 14 мај, а тоа е, всушност, единствениот одреден датум во моментот.

Во првата фаза се планира да се дозволат летови од Европската унија, како и од Србија, САД, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и Израел.

Портите се отворени за израелските туристи од 25 март и тие не мора да останат во седумдневен карантин.

Први кои дозволија меѓународни летови се аеродромите во Атина, Солун и другите туристички области, а другите меѓународни аеродроми треба да бидат отворени на 14 мај.

Пристигнувањето во Грција без седумдневен карантин од странство ќе бара патниците да покажат доказ за вакцинација или негативен PCR тест стар до 72 часа.

Слични содржини