202
Грчкиот министер за климатски кризи и цивилна заштита, Василис Кикилијас, денеска изјави дека во последните неколку дена во Грција горат над 600 пожари, а огромното мнозинство се предизвикани од луѓе.
„Државата ќе направи се што е потребно за да им пружи помош на погодените“, рече Кикилијас, истакнувајќи дека три лица загинаа, а 74 се повредени.
Посочи дека ситуацијата е тешка, и дека е стабилизирана благодарение на посветеноста на противпожарните бригади, споменувајќи ја и смртта на двајцата пилоти.