Грчкиот министер за одбрана од Лерин повтори дека „Македонија е грчка“

од desk3
84 прегледи

 

Никој нека не помисли дека ќе биде дадено името на Македонија. Македонија е грчка, Македонија е една, Македонија е натопена со крв и никој нема право да преговара за нејзиното име, изјави грчкиот министер за одбрана Панос Каменос.

images

Грчкиот министер ова го изјави во селото Горничево, во областа на Лерин, каде присуствуваше на одбележувањето на 103. годишнината од неговото ослободување.

Грчките медиуми деновиве го коментираа именувањето на објектот во кој се наоѓа Археолошкиот музеј во „Палата Александар Македонски“, опишувајќи го како провокација од македонска страна „само два дена после првата рунда разговори за градење мерки на доверба меѓу Грција и Македонија, која поминала во многу позитивна клима“.

Портпаролот на грчкото МНР Константинос Кутрас пред три дена изјави дека Грција има направено отстапки во преговорите за името и повика „да надвладее разумот во соседната и пријателска земја“.

Во исто време, грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, не пропушта да повтори дека „Македонија е грчка“, а неговите изјави се пренесуваат во сите локални медиуми, без никаков коментар. /МИА