Грчкиот парламент усвои нови мерки за штедење

од Vladimir Zorba
75 прегледи

 

Грчкиот парламент синоќа усвои нови мерки за штедење, кои беа побарани од меѓународните кредитори, вклучувајќи и забрзување на приватизацијата на малите комунални претпријатија.grcija

Меѓу јавните претпријатија кои се на продажба е и компанијата за електрична енергија ДЕИ, како и грчкиот водовод, пренесува Танјуг.

– За новите реформи гласаа 152 од вкупно 293 присутни пратеници, изјави заменикот претседател Јоргос Ваременост по парламентарната расправа.

Со изгласувањето на реформите ќе биде можен новиот заем во износ од 2,8 милијарди евра, кој беше блокиран од јуни, кога Грција ги почна преговорите со своите кредитори.

За време на парламентарната расправа, пред зградата на законодавниот дом се собраа повеќе од 1.500 лица кои протестираа против продажбата на јавните претпријатија.

Новиот закон предвидува реорганизација на пазарот на електрична енергија, забрзување на програмата на приватизација и управување со ненаплатливи кредити.

Реформите се усвоени по итна постапка и имаат поддршка во законите донесени во последните години.