Грчкиот премиер Алексис Ципрас, се очекува да поднесе оставка денес.
Премиерот изгледа одлучи дека Грција треба да одржи предвремени избори, иако одобрија вчера пакет за помош од 86 милијарди евра.
Околу Ципрас се обликувале две групи советници, а едните го притискаат да одржи избори меѓу 20 и 27 септември, така што владата ќе го надмине внатрешниот расцеп на СИРИЗА. Другата група препорачува гласање да нема пред почетокот на октомври, па владата да има шанса да го исполни својот нов договор за спасување со доверителите, градење на доверба со нив и можеби да се исчисти програмата со некои корекции.
“Јасно е дека има прашања со кои треба да се справиме, изјави портпаролката на Владата Олга Геровасили. – Тоа се прашања кои се поврзани со стабилноста на владата и до кој степен таа е во можност да обезбеди функционирање на парламентот и самата влада. ”
Нејзините коментари дојдоа непосредно пред бордот на гувернери на Европскиот механизам за стабилност да ја одобри тригодишна програма за 86 милијарди евра за Грција. Првата транша од 13 милијарди пристигнува денес, а ќе треба да покрие итни плаќања на достасување на еврообврзници и кон ММФ.
Во меѓувреме Ципрас му пиша на претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц барањето Европарламентот да влезе како гарант на договорот, како врховен демократски орган во Европа. Барањето на Ципрас ќе биде разгледано во недела.
