Грчкиот премиер Мицотакис денес ја реконструираше Владата: Заклетвата закажана за утре

470 прегледи

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изврши реконструкција на Владата, во која повеќето министри останаа на чело на нивните ресори.

Ова го изјави новоназначениот владин портпарол Христос Тарантилис.

Една од најголемите измени е „трансферот“ на Костис Хаџидакис од Министерството за енергетика и екологија во Министерството за труд и социјала.

Местото на министер за енергетика го зазеде Костас Скрекас, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Макис Воридис го доби портфолиото на Министерството за внатрешни работи, а владиниот портпарол Стелиос Пекас стана негов заменик, додека Спилиос Ливанос ја презеде функцијата на Вордис во Министерството за земјоделство.

Нема промени во секторите финансии, инвестиции и развој, надворешни работи, цивилна заштита, одбрана, туризам, здравство, култура, правда, дигитална администрација, инфраструктура, испорака и миграција.

Министерството за туризам е зајакнато со два нови специјализирани оддели, каде Софија Закараки ќе биде одговорна за туристичко образование и специјализирани форми на туризам, а ЛГБТ активистот и поранешен член на Потамија, Никола Јатроманолакис, ќе ги надгледува прашањата за „модерната култура“.

Вонреден професор на Универзитетот Пантеон и пратеник во Нова демократија, Ангелос Сиригос е назначен за шеф на политиката за високо образование во Министерството за образование, кое сè уште е под Ники Керамеус.

Новата влада ќе положи заклетва утре.

Слични содржини