Грчкиот премиер се извини поради пожарите

од Stefanija Kuzmanovska
272 прегледи

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се извини во понеделникот за неуспехот на властите во борбата против катастрофалните пожари и одобри помош од 500 милиони евра за луѓето што ги загубија своите домови и имот и за пошумување на опожарените области.

Додека пожарите се уште беснеат и владата ги проценува првите штети, Мицотакис излезе на телевизија јавно да се извини и да вети дека никој нема да биде поштеден од одговорноста, но во исто време повика на единство на нацијата.

„Размерите на штетата ни ги кршат срцата. Се извинувам за загубите што ги претрпевте“, рече Мицотакис. „Целосно ја разбирам болката на нашите сограѓани додека ги гледаа нивните запалени куќи и имот. Ќе ги откриеме сите пропусти и никој нема да избега од одговорност“.

Премиерот вети дека владата ќе стои покрај сите жртви и одобри 500 милиони евра за регионите Евија и Атика во близина на Атина.

Министрите во вторник ќе разговараат за други мерки за помош.

Слични содржини