Ниту една грчка авиокомпанија нема модели на Boeing 737 Max , објавија локалните медиуми.
Шефот на Граѓанската воздухопловна администрација Константинос Линзеракос објави претходно во текот на денот, дека администрацијата ги забранила и двата модела на авионот – Max 8 и Max 9 – да летаат во грчкото национално воздушен простор, во согласност со европската директива , издадена по двете фатални несреќи, поврзани со авиони во Индонезија и Етиопија .
Константинос Линзаракос рече дека на сите аеродроми им било наредено да ги оневозможат летовите на овие два типа авиони во воздушниот простор на земјата од вторникот попладне.