Грчките медиуми за мерките на македонската влада за коронавирусот

од Берта Китинска
231 прегледи

Коронавирус – Северна Македонија: Се затвораат училишта и Универзитети“; „Затворени училишта во Никозија и Северна Македонија“; „Коронавирус: Се затвораат сите училишта и Универзитети и во Северна Македонија“; „Северна Македонија: На две седмици се затвораат сите училишта и Универзитети поради коронавирусот“, се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната одлука на владата за да се спречи ширењето на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Онлајн изданијата на медиумите во Грција го пренесуваат текстот објавен од грчката новинска агенција АНА-МПА, во кој се објаснети владините мерки.
-Во Северна Македонија, до сега, се потврдени седум случаи на коронавирусот. Четири од седум се жители на Северна Македонија кои со коронавирусот се заразиле додека биле на патување во северна Италија во изминатиот период, а другите три случаи се нивни роднини со кои биле во контакт, по враќањето во земјата. Пациентите се хоспитализирани во болница во Скопје со лесни симптоми, пишува АНА-МПА.

-Коронавирус и во Северна Македонија, каде што владата одлучи – речиси во исто време со Грција и Кипар, затворање на две седмици на сите градинки, училишта и Универзитети како превентивна мерка за спречување на ширењето на новиот коронавирус, пишува информативниот портал „Њузит“.

Само неколку часа откако македонскиот министер за здравство ги соопшти владините мерки и одлуката за затворање на градинките, училиштата и Универзитетите, и министерот за здравство на Грција излезе со истата мерка – затворање на 14 дена на сите образовни институции.

Слични содржини