Грчките плажи ќе бидат достапни од 14-ти мај: Објавени пет услови за патување

од Nikola Popovski
395 прегледи

Министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, денес најавил дека земјата на 14-ти мај ќе ги отвори сите копнени премини, за да ги немаат тешкотиите што ги имале лани. Со ова, значи дека сите луѓе, кои ќе сакаат да патуваат или летуваат кај нашиот јужен сосед, тоа ќе можат да го сторат од средината на месец мај.

Тој уште еднаш ги претстави „петте линии на одбрана“ на Грција, односно условите за влез на патници и престој во земјата.

„Првата линија на одбрана е дека секој странски турист мора да има потврда дека или бил вакциниран против корона, или дека се опоравил од инфекцијата со тој вирус, или дека мора да покаже негативен резултат од тест. Втората линија на одбрана е „дека ќе извршиме тестови од примероци од туристи по пристигнувањето. Оваа стратегија за контрола ќе биде насочена особено кон оние кои доаѓаат од земји каде што имало концентрација на позитивни случаи претходниот ден. Третата линија на одбрана на Грција е веднаш да се стават во карантин туристи во случај на позитивен тест, а потоа да се подложи на подетален ПЦР тест. Четврта линија на одбрана се општи правила за безбедност, како што се задолжителна употреба на маска или држење далечина, ограничувања на ресторани, автобуси, туристички патувања и разгледувања, додека последната, „петта линија на одбрана“, подвлече министерот, е дека „сите треба да ги следат истите правила како Грците“.

„Доколку има обврска грчките граѓани да носат маска, истото ќе важи за сите, без оглед дали се вакцинирани или не“, нагласил министерот.

Говорејќи за патниот туризам лани објасни дека беше „воена состојба“ и земјата немаше капацитет за персонал на сите влезни точки, а контролата беше потешка и потсети дека бранот го погоди Балканот во моментите кога Грција го отвораше туризмот, но сега, истакна дека постојат повеќе алатки, брзи тестови, вакцини, како и искуство од ланската сезона.

„Кога ќе имаме брзи тестови на аеродромите, нема да биде потребно 24 часа подоцна да ги бараме и да ги собираме од хотелите и да ги носиме во хотелите за изолација, туку ќе можеме изолацијата да ја правиме директно на аеродромите и сите ние ќе бидеме многу побезбедни. Или соодветно, ако некој дојде со автомобил на копнените граници, ќе може да се врати назад во неговата земја ако некој од семејството е позитивен“, објасни Теохарис.

 

Слични содржини