Грчките пожари зедоа уште една жртва

од desk2
88 прегледи

Бројот на настраданите во големиот пожар кој на 23 јули го опустоши подрачјето источно од Атина се искачи на 94, откако почина во болница уште една жена како последица на здобиените повреди.

По катастрофалниот пожар кој го погоди летувалиштето Мати во близина на грчката престолнина, на лекување во болница без задржани повеќе од 30 лица.

По трагедијата, четворица грчки официјални лица беа разрешени од должноста, меѓу нив и министерот за цивилна заштита Никос Тоскас, првите луѓе на полицијата и противпожарната служба.